Microsoft

Bill Gates заврши со софтверска и хардверска работа

Цели 33 години, Bill Gates ги помина во издигнување на компанијата Microsoft во несопирлива софтверска сила. Неговата напорна работа го воздигна Windows на убедливото прво место, правејќи го најбогатиот човек во светот.Чувствувајќи го стартот на револуцијата во персоналните компјутери, Гејтс го напушта Харвард универзитетот во 1975 година за да отвори „Microsoft Corp“ и да ја спроведе визијата за компјутерот кој ќе стане дел од секоја канцеларија и од секој дом.Три децении потоа, Гејтс ја напушта водечката позиција на најголемата софтверска компанија во светот. Од утре своето осумчасовно работно време ќе го минува во сопствената хуманитарна организација „the Bill & Melinda Gates Foundation“, која ја изгради со своето огромно богатство.

Неговите подвизи и удели во модерното ИТ опшество сите добро ги паметиме, од времето кога даде значителна помош во изградбата на популарниот DOS. Во 1975 година во New Mexico,заедно со неговиот школски пријател Paul Allen ја основаат компанијата Microsoft. Напорната работа секако вроди со плод и зад себе ги остави најпопуларните оперативни системи кои сите ги паметиме Windows 95, 98, 2000. Internet Explorer стана крал на интернет сурфањето, а DirectX стана стандард во 3D гејминг индустријата. И можеме да напишеме уште 10 страни со пофалби за овој човек и по некоја критика, но најбитното е дека овој човек придонесе за промената на изгледот на новото време, времето во кое неможе да се замисли еден дом без компјутери во кој има инсталирано барем еден софтвер од компанијата Microsoft. Како најголем акционер во „Microsoft“, Гејтс останува на челната позиција и ќе продолжи да работи на специјални технолошки проекти. Неговите 8,7 проценти од акциите во „Microsoft“ вредат 23 милијарди американски долари..

One response

1 07 2008

Leave a comment